НИКОГАШ НЕ СТЕ ВИДЕЛЕ ВАКВА MЕДИЦИНСКА СЕСТРА! Тара потрошила 200.000 евра на пластични операции и САКА ПОВЕЌЕ!

Ја одбиле двајца доктори кога побарала повторно да и ги зголемат градите!

Австралиската медицинска сестра Тара Џејн Меконахи потрошила повеќе од 200.000 евра на пластични операции!

Таа се „слави“ кога пред неколку години се појави во шоуто „Botched“, каде отиде кај познати пластични хирурзи за да и ги зголемат градите.

Тогаш била одбиена и советувана да се посвети на менталното, но и на физичкото здравје, но таа решила да го игнорира овој предлог и да продолжи со операциите.

Тара до сега пет пати ги зголемила градите, шест пати носот, а ботоксот и филерите, според нејзиното сопствено признание, „веќе не се ни бројат“.

На Инстаграм ја следат десетици илјади следбеници, а сега папараците успеаја да ја сликаат и да покажат како навистина изгледа.