НИКОГАШ НЕ ЈА КОМБИНИРАЈТЕ ОВАА ХРАНА СО ОВИЕ ЛЕКОВИ: Внимателно прочитајте ги упатствата

Business Insider ви ги претставува четирите најопасни комбинации на лекови и храна на кои треба да внимавате во иднина.

Зелениот зеленчук (брокула, спанаќ, бриселско зелје) е богат со витамин К, кој го потиснува антикоагулантното дејство на разредувачите на крвта, па оваа комбинација воопшто не се препорачува.

Некои антихипертензивни лекови го зголемуваат нивото на калиум во телото. Ако се комбинира со банана , која исто така е богата со калиум, оваа комбинација може да го наруши редовниот срцев ритам или да предизвика палпитации.

Храната богата со растителни влакна (како што се оревите) ја спречува апсорпцијата на одредени лекови против болести на тироидната жлезда. Ако консумирате големи количини од овие намирници, можеби ќе треба да ја зголемите дозата на лекот.

Сокот од грејпфрут го зголемува нивото на лекови за намалување на холестеролот во крвта, а последицата е зголемена шанса за несакани ефекти како болка во нозете. Исто така, треба да избегнувате да ја консумирате оваа храна ако земате лекови за висок крвен притисок, неправилен срцев ритам или анксиозност, пренесува Б92.