Никој не може да погоди како Шакира ќе се снајде во ова: Клара и Пике го чекаат своето прво дете?

Веста дека Жерар Пике ќе стане татко по трет пат го шокираше светот. Според шпанските медиуми, тој и неговата девојка Клара Чиа го очекуваат своето прво дете.

Пике веќе има два сина Саша и Милан со пејачката Шакира со која раскина кон средината на минатата година по 12 години врска, кога таа дозна за неговата афера со Клара.

Шпански новинар објави дека Клара е во блажена состојба. Пике и Клара биле во аптека каде купиле тест за бременост. Ова го открила пријателка на аптекарката која им го дала тестот, а фотографијата од нив била тајно направена.