Новата минимална плата од 1 април ја одреди грчката влада на 780 евра

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во петокот претседаваше со состанокот во замокот Максимос и најави дека од 1 април минималната месечна плата ќе се зголеми на 780 евра, пренесува АНА.

Тој истакна дека нема илузии и знае дека „ова ново покачување очигледно не го решава проблемот. Секако, сепак, нуди многу важно олеснување и ја покажува нашата намера да ги надградиме платите и во јавниот и во приватниот сектор“.

„Значи од 1 април ќе достигне 780 евра од 650 евра во 2019 година. Што значи дека оттогаш на приходот на приближно 600.000 работници годишно се додаваат речиси три дополнителни плати“, посочи премиерот и додаде:

Новото покачување очигледно ќе влијае на бенефициите за невработеност и на сите бенефиции поврзани со минималната плата. Сето ова детално ќе го елаборира министерот за труд наскоро.