НОВА ГЛОБАЛНА ЗАКАНА! Смртоносната габа се шири низ болниците со алармантна брзина, многу е отпорна и тешко може да се искорени

Смртоносните и високо отпорни габи се шират со „алармантна“ брзина во болниците за долгорочна нега во Соединетите Американски Држави (САД) и други установи за нега на тешко болни, пишува Washington Post.

Во периодот од 2019 до 2021 година, тројно се зголемил бројот на габични инфекции кои потекнуваат од видот Candida auris. Според податоците на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), во 2019 година имало 476 инфекции, а во 2021 година имало 1.471. Бројот на заразени лица кои биле носители на габата следната година се зголемил речиси за четири пати во истиот период – од 1.077 на 4.040. Прелиминарните податоците покажуваат дека бројот на заразени продолжил да расте.

Научниците веруваат дека овие габи не се закана за здравите луѓе со силен имунитет. Сепак, тие се голема опасност за кревките лица, односно за корисниците на домови за стари и изнемоштени лица кои дишат со помош на вентилатори и за болните од рак кои примаат хемотерапија. Се проценува дека меѓу 30 и 70 хоспитализирани пациенти кои се инфицирале со Candida auris умираат.

Експертите од ЦДЦ велат дека зголемувањето на бројот на заразени значи дека треба сериозно и сеопфатно да се пристапи кон спречување на ширењето на габичната инфекција. Candida auris останува на различни површини и се шири преку контакт со пациенти и контаминирани предмети.

Ако габите влезат во болница, многу е тешко да се контролираат и да се уништат“, кажал Вилијам Шафнер, професор по медицина на Одделот за заразни болести во Универзитетскиот болнички центар Вандербилт

Тие се издржливи, скриени и можат да одолеат на напорите да се контролираат и истребат“, додал професорот Шафнер.

Меган Лајман, вработена во ЦДЦ и автор на научна статија за ширењето на Candida auris, објаснила дека темелното чистење на болниците е голем предизвик поради отпорноста на габата. Некои средства за дезинфекција кои вообичаено се користат за чистење на болниците не можат да направат ништо против овие габи. Пандемијата на со вирусот SARS-CoV-2 (Ковид-19) ги направи овие предизвици уште потешки.

Candida auris прв пат беше забележана во САД во 2016 година и се смета за глобална закана бидејќи е отпорна на различни видови антифунгални лекови. Отпорот на ехинокандин, обично првиот лек што се користи за напад на Candida auris, е доста редок во САД, но истражувачите се загрижени дека постојат видови на габа кои се отпорни и на лекот. 

Се развиваат некои лекови, што ни дава надеж“, изјавила Лајман.

Candida auris беше откриен во повеќе од половина од сојузните држави на САД, а помеѓу 2019 и 2021 година, се појави за прв пат. Повеќето случаи на инфекција се забележани во болниците за долготрајна нега. Бидејќи процедурите за откривање не се спроведуваат подеднакво во сите сојузни држави, веројатно има уште повеќе заразени луѓе. Candida auris може да предизвика фатални инфекции во крвотокот, срцето и мозокот. ЦДЦ не води евиденција за тоа колку луѓе го изгубиле животот бидејќи е тешко да се каже дали некое лице починало од инфекција или сериозна болест што веќе ја имало.

Откако прв пат се појави пред десет или повеќе години во Индија, јужна Африка и Јужна Америка, научниците не можеа да го дешифрираат видот. Габите често не можат да ја издржат температурата на човечкото тело, но една од водечките теории вели дека Candida auris може. 

Климатските промени или глобалното затоплување може да придонесат за ширење на болеста, бидејќи тоа ќе ги принуди нивните клетки да еволуираат“, вели Артуро Касадевал, микробиолог од Факултетот за јавно здравје Џон Хопкинс кој го проучувал Candida auris.

Експертите велат дека ТВ серијата на HBO, „The Last of Us“, им помогнала на луѓето да разберат колку се опасни габите и како глобалното затоплување може да доведе до нивна еволуција.

Иако Candida auris е потенцијално смртоносна, ЦДЦ вели дека нејзиното ширење може да се запре со зголемен надзор, хигиена и длабоко чистење со соодветни средства за дезинфекција.