НОВА ДРАМА ВО КОСОВО, ПРИЈАВЕНО ПУКАЊЕ! Косовската полиција повторно во акција, двајца мажи уапсени! (ФОТО)

Сè се одвиваше на две локации.

Косовската полиција денеска во Приштина приведе две лица, при што е одземено огнено и ладно оружје. Приведувањето и одземањето на оружјето се случило на две различни локации во Приштина.

Како што соопшти косовската полиција, во првиот случај во населбата Софаљија , по пријавувањето на пукањето, полициските единици веднаш реагирале, а вториот се случил на улицата „Илир Конушевци“ , каде осомничениот бил следен поради поседување неовластено оружје.

– Првоосомничениот машки пол по извршениот разговор е пуштен по редовна постапка, против него е поднесена пријава за недозволено држење и употреба на оружје. Во вториот случај на одземање на огнено оружје и нож во Приштина, 25-годишник е пуштен по редовна постапка по разговорот и одлуката на обвинителството – соопшти косовската полиција во објава на Фејсбук .