Нова провокативна изјава од првиот човек на Ла Лигата: “Се насмеав од срце кога Баерн го елиминираше ПСЖ!“

Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас се покажа со уште една провокативна изјава. Тој беше очигледно среќен и призна дека искрено се насмеал кога видел како Пари Сен-Жермен испаѓа од Лигата на шампионите по двата порази од Баерн Минхен во осминафиналето. 

Познато е дека Тебас е во кавга со францускиот шампион и верува дека ПСЖ не го почитува финансискиот фер-плеј – им наштетува на шпанските тимови и придонесува за нееднаквост во фудбалот. 

Од истата причина, Тебас му замерува и на Манчестер Сити и не се двоуми да ги упати УЕФА и ФИФА на истрага за можна измама од страна на двата клуба. Тој неодамна поднесе пријава против Барселона во УЕФА за случајот „Негреира“. 

Дали сега се смеев кога ПСЖ беше елиминиран од Лигата на шампионите ? Така е, дури и се смеев од срце“, изјави Тебас за шпанските спортски весници. 

ПСЖ доста неславно го заврши учеството на турнирот по двата порази од Баерн Минхен и испаѓањето со вкупен резултат 0:3.