Новиот приоритет на руската армија, Путин: Да се ​​спречи гранатирање во пограничните региони

Рускиот претседател реагираше на нападите внатре на територијата на земјата, кои се чини дека доаѓаат од Украина.

Владимир Путин и наредил на руската војска да стори сé за да спречи можни украински напади на руска територија.

„Секако, приоритетна задача е да се елиминира можноста за гранатирање на пограничните региони. Но, ова е работа на воениот оддел“, рече тој, пренесува skynews.

Путин тврдеше дека руските региони Белгород, Брјанск и Курск, како и Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година, се области каде зградите биле оштетени или целосно уништени.

„Многу луѓе се најдоа во тешки ситуации, ги загубија домовите, беа принудени да се преселат кај роднини или во привремени населби. Тие се соочија со прекини во водоснабдувањето, парното и струјата“, изјави тој.

Иако Украина не ја презеде одговорноста за нападите, ги опиша како „карма“ за руската окупација.

Во нападите во јужна Русија најмногу се вклучени воени цели како што се трафостаници за електрична енергија и складишта за оружје и гориво.