Нови дојави за поставени бомби низ цела Македонија

Нов ден, нова недела и нови дојави за поставени бомби низ Македонија. Од МВР потврдуваат дека добиле пријави но се уште немаат точна бројка и каде се има дојави за поставени експлозивни направи.

Според информациите на МКД.мк дојави за бомби има во скопските училишта „Никола Карев“, „Лазо Ангеловски“, „Александар Македонски“ и „Браќа Миладиновци“.

Освен во овие училишта утрово нешто пред осум часот било пријавено дека и во Основниот суд Охрид стигнала закана за поставена бомба.

МВР најави повеќе детали во текот на денот.