Нови желби на Киев: Зеленски откри што бара сега

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска на прес-конференција изјави дека Киев сака поддршка од Латинска Америка, Африка, Кина и Индија за својот мировен план.

Зеленски повика на самит со лидерите на земјите од Латинска Америка и рече дека Киев треба да гради односи со африканските земји, пренесува Ројтерс.

Ако партнерите на Украина ги исполнат своите обврски, победата над Русија е неизбежна, додаде тој.

Од друга страна, заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, оцени дека победата на Русија ќе биде остварена.