Новото „Ел Класико“ на 19 март во Барселона

– Натпреварот од 26. коло во шпанската фудбалска Ла Лига меѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се игра на 19 март со почеток од 21 часот на „Камп Ноу“, соопштено е од натпреварувањето.

Фудбалерите на Реал ја победија Барселона со 3-1 во 250. „Ел Класико“, кое се одигра на 16 октомври лани во Мадрид.

Барселона и Реал во меѓувреме се сретнаа во финалето на Суперкупот на Шпанија на 15 јануари, кога каталонскиот клуб триумфираше со идентични 3-1.

Барселона е првопласирана на табелата во Ла Лига со 59 бодови, осум повеќе од второпласираниот Реал на 16 кола до крајот на сезоната.