Нов хуман гест: Роналдо испратил полн авион помош во Турција

Британскиот „Дејли Мејл“ објави дека Кристијано Роналдо испратил голема помош на настраданите од земјотресот во Турција.

Според објавата на британскиот медиум Роналдо испратил авион во кој имало облека, храна, лекови и други потребни работи за погодените од земјотресот кој во Турција однесе над 50.000 животи.

За Роналдо ова не е првпат да помага со хуман гест. Претходно плати 83.000 долари за операција на тумур кај дете, а исто така уплати и 165.000 долари за иградба на центар за лекување од рак во Португалија.