НУТРИЦИОНИСТКА ТВРДИ: Ако го додадете ОВОЈ ЗАЧИН во утринското кафе, ќе ослабете додека да трепнете

„Циметот ја стимулира термогенезата во телото и на тој начин доведува до топење на масните наслаги“

Доколку сте љубители на кафе , особено утринското, овој совет ќе ви биде важен. Само една лажичка зачин ве дели од витка линија!

Нутриционистката Лиза Ричардс советува дека најдобро е да пиете домашно црно кафе без додаден шеќер и млеко. Затоа што на тој начин нема да внесуваме непотребни калории . Но, нејзиниот посебен трик е да додавате малку цимет во вашето кафе еднаш дневно.

Лиза вели дека од личен пример дознала колку е моќно кафето во комбинација со цимет. Имено, секое утро таа додавала по една кафена лажичка од овој зачин во својот омилен пијалок. За еден месец забележала значителна разлика во тежината. Таа успеа да ослабе 4 килограми и да се ослободи од салото кое со години го имаше на стомакот.

„Циметот ја поттикнува термогенезата во телото и на тој начин доведува до топење на масните наслаги“, објаснува Ричардс.

„ Тоа е процес на загревање на телото и може да предизвика да согориме повеќе калории. Покрај тоа, циметот е природна опција за стимулирање на термогенезата и секако е подобар избор од разни суплементи кои можат да го направат истото“, вели таа. Напоменува и дека ова не е волшебна напивка и дека резултатите нема да бидат видливи без мала корекција на исхраната и воведување физичка активност.