Н1: Европратеници велат дека Србија ќе биде Иран во Европа доколку не биде прифатен договорот

Според сознанијата на Н1, европарламентарците им кажале на своите колеги во српскиот парламент што може да се случи доколку Србија не биде конструктивна во постигнувањето конечен сеопфатен договор со Косово.

„Доколку не се прифати договорот, Србија нема да биде остров, туку Иран во Европа“, ги пренесува зборовите на пратеник во Европскиот парламент нашиот соговорник, пишува Н1.

Тој додава дека европратениците велат дека на претседателот на Србија на средбата со меѓународната петорка на 20 јануари му било кажано дека влезот на Србија во ЕУ може да се постигне во 2030 година и дека овој пакет треба да важи за сите земји од Западен Балкан. .

Делегација на Европскиот парламент за меѓупартиски дијалог, предводена од Владимир Билчик и Матјаж Немец, престојува во посета на Србија. Во текот на утрото разговарале со пратеници во српскиот парламент.