Објавена е-книгата Кон-текстот: дигитални осврти (македонската книжевност во првите две децении на дваесет и првиот век)

– Деновиве е објавена електронската книга Кон-текстот: дигитални осврти (македонската книжевност во првите две децении на дваесет и првиот век). Книгата е резултат на истражувањето на дипломирани и тековни студенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ – Скопје, во соработка со професорката Калина Малеска како уредничка на книгата.

Авторите и авторките на поглавјата напишаа кратки осврти за творештвото на избраните писатели и писателки напишано од 2001 до 2020 година. Идејата беше да се опфатат што поголем број на писател(к)и од овој период и со тоа да се поттикне преиспитување на самиот концепт на канонот. За да се постигне оваа цел, се планира книгата да се прошири во наредните години и да има и второ издание.