ОВАА БРИТАНСКА ПРИНЦЕЗА ГО ИЗНЕВЕРУВАШЕ МАЖОТ со Боба Живојиновиќ! Продажбата на луксузната вила откри многу сочни детали!

Поранешната тениска ѕвезда Слободан и неговата сопруга, балканската дива Лепа Брена, како што пренесуваат американските медиуми, продаваат вила на брегот во Мајами за 16,9 милиони долари! Продажбата на недвижности ја откри и вешто скриената, забранета љубов на тенискиот ас и благородничката!

Порталот „Њујорк пост“ наведува дека поранешниот тениски ас, кој претходно тврдеше дека имал врска со принцезата Дијана кон крајот на 1980-тите додека таа сè уште беше во брак со принцот Чарлс, продава луксузен имот.

Боба Живојиновиќ во една прилика изјави дека неговата врска со Дијана започнала кога таа го гледала како игра на Вимблдон, по што станале „исклучително блиски“.

-Таа беше извонредна жена. Со неа можев да зборувам за се, па дури и ситниците со неа беа фасцинантни – изјави Боба.

Живојиновиќ и неговата сопруга Лепа Брена го купиле овој имот уште во 2012 година. Куќата е изградена во 1950 година и се наоѓа веднаш на брегот на морето.

Вилата има базен во дворот, а внатре има две бањи, кујна, трпезарија и се е исполнето со стилски мебел.

Околу нивната вила има многу луксузни куќи во сопственост на јавни личности. Овој луксузен имот има 400 метри квадратни, а се проценува дека месечното одржување на таков имот чини 2.000 долари.

Инаку, Лепа Брена ја користеше секоја прилика да отпатува во Мајами каде ги наполни батериите за нови работни потфати.

– Го сакам Мајами – напиша пејачката во една од објавите од оваа атрактивна локација.