“ОВАА ЗЕМЈА Е ПОДЛОЖЕНА НА СИЛЕН ПРИТИСОК!“ – Макрон загрижен за настаните во Грузија: “Се надевам ќе може да продолжи мирно по европскиот пат“

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Грузија е под притисок по алармантните случувања неделава – нешто што, според него, Европската унија не може да го игнорира.

Грузија е подложена на многу силен притисок, се надевам дека ќе може да продолжи мирно по својот европски пат“, истакна Макрон на заедничката прес-конференција во Париз со британскиот премиер Риши Сунак.

Грузискиот Парламент претходно денеска се откажа од усвојувањето на законот за „странски агенти“, што предизвика политичка криза и ја загрози европската перспектива на Грузија.

Поранешните грузиски политички лидери, кои се приведени и се во тешка здравствена состојба, треба да бидат ослободени и да им се обезбеди пристап до медицински прегледи“, посочи Макрон.

Поддржувачите на поранешниот претседател на Грузија, Михаил Саакашвили, кој е во затвор, бараат тој да биде пуштен на слобода, за да може да се лекува.