ОВАА ФОТОГРАФИЈА КРИЕ МОРНИЧАВА ВИСТИНА: Ние гледаме среќа, но вистината е длабоко скриена и невидлива за повеќето луѓе

Силвестер Сталоне ја доживеал најголемата животна загуба што никогаш не се заборава

Кога ќе го видиме Силвестер Сталоне гледаме среќен човек кого го опкружуваат презгодните ќерки што го обожаваат и 25 години помладата сопруга, која е секогаш тука за него. Но вистината е дека никогаш не знаеме што се случува во нечија глава и никогаш не треба да завидуваме.

Силвестер и Џенифер имаат три ќерки Софија, Сикстин и Скарлет. Трите убавици се многу поврзани со нивниот татко, кого често го придружуваат на црвениот килим, но дали сте знаеле дека Силвестер имал деца и од првиот брак?

Со првата сопруга Саша Чак, Силвестер добил син Сејџ, кој доживеал срцев удар и починал на место на 36 години. Силвестер тогаш кажал дека не постои посилна болка на овој свет. Таквата загуба не може да се заборави, надомести или ублажи.

Во официјалната изјава, популарниот Роки тогаш кажал:

„Ниту една болка не е посилна од таа кога родител ќе загуби дете. Затоа ги молам луѓето да покажат почит кон споменот за мојот талентиран син и да сочувствуваат со љубов со неговата мајка Саша. Оваа болна загуба ќе остане со нас до крајот на нашите животи. Сејџ беше нашето првородено дете и центар на нашиот универзум и понизно ве молам да не ја нарушувате душата и сеќавањето за мојот син.“