ОВА Е ВИСТИНСКИ ХИТ – Мајк Тајсон мислеше дека има работа со дете, а не со 20-годишник, неговиот потег ги ‘запали’ социјалните мрежи: “Плачам од смеа!“ (видео)

Легендарниот боксер Мајк Тајсон го зеде во раце 20-годишниот миленик на социјалните мрежи, Русинот Хасбула Магомедов и се обиде да го гризне за увото, а видеото предизвика бројни реакции низ Интернет мрежите.

Имено, додека за боксерската икона нема потреба од посебен вовед, Хасбула е ново лице на „сцената“, а се прослави поради реткото генетско пореметување, поради кое и на 20 години се уште звучи и изгледа како мало дете. 

Во краткото видео објавено на социјалната мрежа Твитер, гледачите беа сведоци на симпатична „тепачка“ помеѓу Тајсон и Хасбула, кои се преправаа дека се на боксерски меч, додека Мајк го зеде малиот Хасбула како бебе во рацете и сакаше да му го „гризе“ увото, исто како родителите што им прават на нивните децата.

Хасбула и Мајк Тајсон

Најверојатно, возбудениот Тајсон не помислил дека и покрај изгледот на дете, популарниот Хасбул не е претшколец, туку маж на возраст од дваесет години.

Обожавателите на социјалната мрежа Твитер оставија многу бројни коментари под хит видеото а еден корисник напиша: “Плачам од смеа, ова е многу забавно!“…

Тајсон е само една од ѕвездите кои Хасбула ги запозна, а се дружеше и со Хабиб Нурмагомедов, мегаѕвездата на УФЦХасбул на социјалната мрежа Инстаграм го следат 7,7 милиони луѓе, тој патува низ светот со приватни авиони и автомобили, а го спонзорираат бројни светски познати компании и брендови. Минатата година тој потпиша милионски договор со УФЦ, со што се отвора ново поглавје во авантурите на овој на многумина драг Русин.