Ова е природниот третман за нега на коса на Ким Кардашијан: Потребни ви се само две состојки за вашата коса да биде мека и сјајна!

Една од најпознатите ријалити ѕвезди во светот, Ким Кардашијан, има негувана и бујна коса, иако редовно ја фарба и ја менува фризурата, што може значително да влијае на нејзината коса. Нејзината коса е многу важна за старлетата, па таа не сака овие промени да и ја уништат и се труди да и даде врвен третман на косата.

Кардашијан има своја рутина која секогаш ја следи, а главната тајна за негувана коса е оризовата вода која може да се користи на два начина.

Ким Кардашијан

Еден од наједноставните начини е да ја исплакнете косата со оризова вода по миењето со шампон. Делува како природен регенератор кој ја омекнува косата, ја прави посјајна и полесна за обликување.

Друг начин да го користите ова е да подготвите маска за коса. За оваа маска треба да измешате оризова вода со други состојки како мед, алое вера или кокосово масло. Оваа маска е одлична за длабока хидратација на косата и одржување на здрава и бујна коса.

Значи, ако барате природен начин да го подобрите квалитетот на вашата коса, оризовата вода е нешто што вреди да се проба, а како што можете да видите, ја практикуваат и холивудските диви.