ОВА Е РУСКИОТ ТРОЈАНСКИ КОЊ ВО СРЦЕТО НА ЕВРОПА! Син на голем руски разузнавач со години работел во Советот на Европа а тие немале поим !?

Синот на висок функционер на руската тајна служба СВР раководи со важен оддел во Советот на Европа во Стразбур. Игор Небивајев (39 г.), е одговорен за борбата против перење пари, открива германскиот весник Bild

Според германскиот весник, ова му дава на Небивајев увид во мерките за спречување на перење пари во 46-те земји членки на Советот на Европа, а учествувал и во проценката на германските мерки во јуни 2022 година.

Таткото на Игор НебивајевВладимир Небивајев (68 г.) е висок руски разузнавач. Според истражувањето на Bild, тој работи во Москва како генерал на странската разузнавачка служба на СВР. Се наведува дека тајната служба е одговорна, меѓу другото, и за труењето на рускиот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка во Велика Британија во 2018 година.

По истражувањето на весникот за Небивајев, неколку парламентарци побараа реакција од Советот на Европа. Естонскиот министер за надворешни работи Урмас Реинсалу веднаш му напиша писмо на првиот човек на Советот на Европа.

Совет на Европа, Стразбур

Бев изненаден кога од написот дознав дека руски државјанин се уште има став кој треба да се залага за транспарентност и отвореност“, изјавил тој весникот.

Тие вредности не се почитуваат во неговата земја. Целосно е апсурдно и неприфатливо руските граѓани да продолжат да работат во Советот на Европа. Ова треба да се реши што е можно поскоро“, вели тој.

Украинскиот парламентарец Дмитро Наталуха побара итна истрага од Советот на Европа. Чешкиот пратеник во Европскиот парламент, Томаш Здечовски побара итно разрешување на Игор Небивајев од функцијата одговорно лице на Одделот за спречување перење пари на Советот на Европа, а ова го коментираше и латвискиот парламентарец Рихардс Колс.

Се уште е изненадувачки колку руски тајни служби и руски пари се инфилтрирани во различни институции во Европа. Вака не може да опстане“, напиша тој во објава на социјалната мрежа Твитер.

На 15. март 2022 година, Русија го напушти Советот на Европа, со што го спречи нејзиното протерување од тоа тело. Но, од 120-те Руси кои работат во Советот на Европа, околу 90 ги задржаа своите работни места до денес. Бидејќи имаат друго државјанство.