Ова е сопругата на Жика Тодоровиќ: Во брак се повеќе од две децении, таа не се појавува во јавност! Погледнете како изгледа (ФОТО)

Срѓан Жика Тодоровиќ уште од тинејџерските денови важеше за голем заводник. Сепак, иако е вечен вљубеник во рокенролот, сепак ја пронашол жената на својот живот и се оженил со својата убава сопруга Ана.

Ана не се појавува често во медиумите, па јавноста ретко може да ја види покрај познатиот актер. Меѓутоа, Жика објави фотографија на која се гледа како ужива со својата поубава половина на брегот покрај морето.

– Ана, Вања и јас – напиша Жика Тодоровиќ, на фотографијата направена во заливот Бигова кај Котор.

Неговиот татко, актерот Бора Тодоровиќ одамна изградил куќа на црногорското приморје. Кога сакаат да побегнат од Белград и да се одморат од деловните обврски, Срѓан и неговата сопруга бараат мир во ова прекрасно место на јужниот дел на Јадранот.

Популарниот актер ја донел својата гитара на плажа, а тоа несомнено беше ден за паметење.

Тодоровиќ, пак, еднаш се појави со Ана на јавен настан пред четири години, поточно Фестивалот на актерски достигнувања.

-,,Мојата Анчи и јас” – напиша актерот на фотографија на која е видливо колку се среќни заедно.