Ова е човекот осомничен дека го убил болниот татко во Дубровник: Го застрелал во главата и вратот

Полицијата го приведе Динко Зека во државното правобранителство, а потоа и кај дежурниот судија на истрагата за тешко убиство.

Службениците на полициската управа Дубровник-Неретва денеска го приведоа Динко Зека, осомничен за тешко убиство, во Државното правобранителство, а потоа и кај дежурниот судија на истрагата, пишува „Дубровачки весник“ .

На местото на настанот е спроведена истрага, предводена од жупанискиот државен правобранител, а кривичната истрага утврдила дека осомничениот, во саботата, на 7 април, попладнето, во семејната куќа во месноста Кантафига, во Дубровник со повеќе истрели од пиштол во главата го убил болниот и неподвижен 84-годишен старец.

По убиството, мажот го пријавил настанот во полиција и пеш го напуштил семејниот дом, а многу брзо бил пронајден во близина на куќата, приведен и донесен во полициските простории за кривична истрага. Огненото оружје со кое е извршено убиството е пронајдено пред семејната куќа, јавува Дубровачки весник.