Ова се намирниците што треба да ги јадете за да ви РАСТЕ ПОБРЗО КОСАТА!

Има и намирници кои го забавуваат растот

Секоја жена сака да има убава и негувана коса.

Затоа користат разни препарати, но она што е интересно е што покрај препаратите кои можат да ви помогнат во тоа, вниманието треба да се насочи и на исхраната.

Со умерено нанесување ќе забележите одлични резултати.

Исхраната многу влијае на изгледот и здравјето на нашата коса, а како што има намирници кои се штетни за неа, има и такви кои го забрзуваат нејзиниот раст.

Недостатокот на протеини, минерали и есенцијални масни киселини може да ја наруши структурата и бојата на косата, но и да го зголеми опаѓањето, објаснуваат нутриционистите. 

Еве како вашата исхрана може да го стимулира растот на косата и да и ги обезбеди сите хранливи материи што ѝ се потребни за да ги добие и одржува здрава и сјајна коса: 

• Протеини: јајца, јаткасти плодови, црвено месо, риба, мешунки, производи од соја 
• цинк: путер од кикирики, црвено месо, житарки, семки

• железо: тофу, соја, морска храна, зелен зеленчук, овошје, мешунки, блитва, школки
• Витамини А и Б: брашно од соја, спанаќ, квасец, моркови, кељ, диња, млеко, јајца, јогурт, тиква, сладок компир

• Витамини Ц и Е: боровинки, спанаќ, брокула, лешници, киви, авокадо, портокал, јагода,
бадем , црна рибизла, папаја
• витамин Б3: јајца, печурки, јаткасти плодови
• омега-3 масни киселини: риба, ленено семе, чиа, тиква
• минерали: говедско месо, спанаќ, јајца, соја, семки од тиква

Храна и пијалоци кои лошо влијаат на растот на косата: 

• Алкохол 
• Брза храна 
• Бел скроб 
• Шеќер