Ова се строгите куќни правила кои Кејт Мидлтон им ги постави на своите деца, една работа им е апсолутно забранета!

Кејт Мидлтон има интересни образовни методи кои ги применува за воспитување на нејзините три деца, кои ги применувала со принцот Вилијам.

Британската принцеза Кејт Мидлтон предизвикува восхит во јавноста за методите и начинот на кој ги воспитува своите три деца, кои ги има со принцот Вилијам, а сега се откриени нејзините прилично строги куќни правила кои таа ги постави и кои сите мора да ги почитуваат, тврди извор близок до нив.

Кејт и Вилијам се одлучиле за сопствената техника кога станува збор за дисциплинирање на нивните деца. Наместо да ги праќаат во собите или да ги казнат, тие ги оддалечуваат од ,,местото на злосторот” и мирно разговараат со нив и им објаснуваат што згрешиле.

„Работите им се јасно објаснети и Кејт и Вилијам никогаш не им викаат“, додал изворот.

Кралските експерти претходно објавија други откритија за техниките на воспитување на принцот и принцезата, а во една прилика и магазинот ,,ОК!’ откри дека членовите на кралското семејство се многу строги кон децата за времето поминато пред екран.

Кејти Никол тврди дека принцезата од Велс сака да ја поттикне креативноста кај своите деца, поради што не смеат да користат свои мобилни телефони или таблети.

“Акцентот во нивното воспитување е ставен на познавањето уметност и занаети, сликање и работа со сите работи кои не се ориентирани кон технологија. Кејт обично е многу строга за времето кое го поминуваат пред екранот и го сведува на минимум”, објаснила Кејти за Дејли Мејл.

Извор близок до семејството откри и дека Вилијам и Кејт ја забраниле употребата на iPad во нивниот дом, коментирајќи дека тие се играчки за возрасни, а не за деца. Кејт верува дека престојот на отворено игра клучна улога за здравјето и среќата на нејзините деца и сака да ги искористи сите средства за да го поттикне тоа.