Ова се 8 грешки поради кои се расипува правосмукалката

Една од најефикасните алатки за одржување на домот чист дефинитивно е правосмукалката. И додека можеби мислите дека правите сè како што треба со вашата правосмукалка, прашањето е дали навистина го правите тоа правилно и дали ја третирате на вистинскиот начин за да ѝ обезбедите што е можно подолг работен век?

Доколку не сте стопроцентно сигурни, ова се неколку работи кои треба да ги избегнувате доколку сакате вашата правосмукалка да работи беспрекорно долго време.

Ги игнорирате запушувањата

Секој пат кога ја користите правосмукалката треба да проверите дали се појавиле мали или поголеми запушувања. Отстранувањето на заглавените предмети не само што ќе обезбеди подобра моќ на вшмукување, туку и ќе го продолжи животниот век на правосмукалката. Ако не можете да ги отстраните заглавените предмети со рака, користете рачка за метла. Можете да ја проверите проодноста на деловите на правосмукалката така што ќе го исклучите цревото и продолжетокот од правосмукалката и потоа ќе се обидете да протуркате паричка низ нив. Ако паричката помине без проблем, патеката за прашина до кесата за правосмукалка е чиста.

Не го средувате цревото

Понекогаш по исцрпувачкото чистење со правосмукалката, се уморуваме и го оставаме цревото на правосмукалката одмотано, често како стапица за сопнување на членовите на домаќинството. Со средување на цревото можете да го спречите неговото оштетување, но и многу непријатности.

Се обидувате да вшмукате тврди и големи предмети

Примамливо е да ја тестирате моќта на вашата правосмукалка додека на вашиот тепих се сместила мала паричка или камче. Сепак, парчињата може сериозно да ја оштетат внатрешноста на правосмукалката или да предизвикаат блокади што потоа ќе биде тешко да се отстранат. За да избегнете ризик, подигнете ги парчињата со рака.

Минувате преку вода

Конвенционалните правосмукалки не се наменети за вакуумирање на вода. Ако се најдете во искушение да исчистите дури и неколку капки вода, имајте на ум дека овој потег може сериозно да го оштети моторот на вашата правосмукалка и може да предизвика прилично неред при празнењето на кесата.

Чистите со преполна кеса

Смукањето со целосно полна кеса може драстично да ги намали перформансите на правосмукалката, но и претставува ризик од прегревање и дефект на моторот. Доколку чувствувате дека вашата правосмукалка не ја врши својата работа како и обично, проверете дали проблемот е во кесата и на тој начин отстранете ги можните непријатности.

Преминувате преку кабли

Иако се наменети да издржат одредени надворешни влијанија, каблите не се толку целосно отпорни доколку ги прегазите со правосмукалка. Силата со која го вакуумирате подот може да го оштети кабелот, па со текот на времето тие можат да станат небезбедни за употреба.

Заборавате да го исчистите филтерот

Иако постојат неколку модели на правосмукалки, чистењето на филтерот е задолжително за секој од нив. Без разлика дали се во форма на сунѓер или хармоника, филтрите треба да се чистат според упатствата на производителот. Ако често чистите со правосмукалка или имате многу извалкани подови, проверувајте ја состојбата на вашиот филтер одвреме-навреме.

Ја користите премногу често

За помалку да ја користите правосмукалката, обидете се да разберете што предизвикува вашите подови најмногу да се валкаат. На пример, обидете се да ги оставате чевлите во шкафчето предвидено за нив наместо да газите на теписите. Јадете на маса наместо било каде, а вашите миленици четкајте ги надвор.