“Ова треба да ни претставува грижа”: Птичјиот грип мутирал и се шири меѓу луѓето, почина 11-годишно девојче

Единаесетгодишно девојче почина минатата недела откако се зарази со птичји грип, Х5Н1, во село во провинцијата Преј Венг, Камбоџа. По дијагнозата, биле тестирани 12 нејзини контакти, но само нејзиниот татко бил позитивен на болеста, иако без симптоми, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Ова се првите пријавени случаи на птичји грип кај луѓето во Камбоџа во последните девет години, а сега научниците предупредија дека постојат некои индикации дека тој веќе се шири меѓу луѓето врз основа на нови мутации и дека тие треба да се третираат со најголема загриженост, пишува Daily. Mail.

Експертот за новите болести, кој го предводеше тимот од Институтот Пастер во Камбоџа, Ерик Карлсон, кој ја декодираше генетската секвенца на вирусот на девојчето, предупреди дека тој е различен од оној земен од птиците:

“Постојат некои индикации дека овој вирус се шири низ луѓето. Секој пат кога овие вируси ќе влезат во нов ‘домаќин’, тие ќе претрпат одредени промени што ќе им овозможат малку подобро да се реплицираат или потенцијално малку подобро да се врзат за клетките во нашиот респираторен тракт”.

“Ова беше ширење на зоонозата и треба да се третира со најголема грижа. Можеби нешто се случува овде во Камбоџа и на другата страна на светот во Јужна Америка, но навистина не знаеме што може да предизвика проблем утре”, додаде тој.