Овие се причините за катастрофата: Во Турција се судираат три тектонски плочи, а на “чуден” начин брановите од земјотресот се ширеа во Европа!? (Фото/видео)

Повеќе од 1.500 луѓе загинаа во тие држави по разорниот земјотрес. Се стравува дека бројката може да биде поголема бидејќи се уништени голем број куќи и згради. Илјадници луѓе беа повредени во земјотресите. Сеизмологот Крешимир Кук за ТВ Вечерњи ги коментираше процесите.

Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Турција рано во понеделникот во провинцијата Кахраманмарас, а разурнувања и жртви имаше и во соседна Сирија. Вториот земјотрес со јачина од 7,6 степени ја погоди истата провинција неколку часа подоцна. Од Турција и Сирија пристигнуваат катастрофални вести и фотографии кои покажуваат колкава е штетата предизвикана од овие земјотреси. Сеизмологот Крешимир Кук за ТВ Вечерњи ги коментираше настаните од Турција.

– Вакви силни земјотреси се случуваат. Двата денешни земјотреси беа силни и не се случуваат често, но не се невозможни. Првиот земјотрес не успеа да ослободи поголем дел од енергијата, се очекуваа следните. Колку посилни се земјотресите, толку посилни и подолги се афтершокови – рече тој на почетокот.

– Земјотресите кои се уште се случуваат се во близина на границата меѓу Турција и Сирија. Она што е важно е тектониката на тој простор, таква е што во тој дел директно се судираат африканските, арапските и евроазиските плочи, како и таканаречената анадолска плоча. А во светот, најсилните земјотреси генерално се случуваат при директен допир на две или повеќе тектонски плочи, бидејќи таму се ослободува најмногу енергија, вели тој.

Епицентарот на земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што во понеделникот ја погоди централна Турција и северозападниот дел на Сирија беше во областа Пазарџик, провинцијата Кахраманмарас во југоисточна Турција, на околу 60 километри воздушна линија од сириската граница, а се почувствува и на Кипар и Либан. .

Многу експерти сметаат дека ова може да биде најсилниот регистриран земјотрес во Турција. Стивен Хикс, сеизмолог од Универзитетот во Лондон, потсети дека претходниот најсилен земјотрес , исто така со јачина од 7,8 степени, ја погоди североисточна Турција во декември 1939 година и уби 30.000 луѓе.

Раед Ахмед , раководител на Сирискиот национален центар за земјотреси, рече дека ова е најсилниот земјотрес што некогаш бил регистриран во историјата на центарот, основан во 1995 година.

Видеото го прикажува ширењето на сеизмичките бранови по катастрофалниот земјотрес што го забележаа сеизмографите во Европа.

Хрватскиот сеизмолог Крешимир Кук објасни дека Турција се наоѓа во тектонски многу активно подрачје, со многу изразени нарушувања каде има многу големи раседи.