Овој потег од тренингот на Модриќ собра повеќе од осум милиони прегледи: Каква мајсторија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид се подготвуваат за новите предизвици кои се пред нив. Најпрвин имаат натпревар против Осасуна, вечерва од 21 часот.

Реал е во тешка ситуација и мора да победи на непријатно гостување, а за вечерашниот натпревар е подготвен и Лука Модриќ.

Хрватскиот капитен сè уште не знае дали ќе остане во Мадрид и следната сезона, но со голот во минатото коло покажа дека има уште многу да покаже во Мадрид.

Модриќ со својот најнов потег ги воодушеви обожавателите ширум светот. Реал Мадрид објави како Модриќ постигнува гол со удар од далечина, а само видеото на TikTok собра дури осум милиони прегледи за 24 часа.