ОВОЈ ЧОВЕК Е НЕУНИШТЛИВ! Новак Ѓоковиќ направи нешто што никој претходно го нема остварено – Србинот е вистинско чудо

Србинот е едноставно неуништлив! Новак Ѓоковиќ повторно е најдобриот тенисер на светот, иако мораше да помине низ „тежок“ период.

Не е лесно да се најде нов епитет за Новак Ѓоковиќ кој веќе не е употребен многу пати. Во оваа прилика го избравме зборот „чудо“, зборот кој најдобро го опишува она што го постигна тенисерот и покрај најтешкиот период во кариерата. 

Ѓоковиќ е повторно број еден тенисер во светот, иако лани и годинава пропушти дури осум турнири на кои редовно ги игра добро и освојува титули, а со тоа беше спречен да ги освои потенцијалните 12.000 бодови.

Новак Ѓоковиќ

Меѓутоа, ако сега ја погледнете АТП листата на најдобри тенисери во светот, ќе видите дека на тронот е човекот односно спортистот кој може да се каже дека најмногу настрада поради фактот што не сакаше да се вакцинира против вирусот Ковид-19. Неговата голгота започна во јануари 2022 година со познатото „малтретирање“ во Австралија, кога доби виза за престој, но по слетувањето во Мелбурн беше третиран како криминалец и на крајот депортиран назад во Србија.

Тоа беа првите потенцијални 2.000 поени на кои тој сигурно сметаше, бидејќи традиционално игра врвен тенис во Австралија. Потоа следуваа други турнири кој тој ги пропушти, забраната за влез во Соединетите Американски Држави (САД) ја одзеде можноста за настап на Мастерсот во Индијан Велс, Мајами како и купот Роџерс во Канада, потоа Синсинати и на крајот на уште еден Грен Слем турнир односно УС Опен.

На тоа треба да се додаде и фактот дека и покрај тоа Србинот сепак го освои Вимблдон, но поради одлуката да не учествуваат руските тенисери немаше поен, па во Лондон му беа ускратени уште 2.000 поени. Се започна одлично во 2023 година, тенисерот славеше во Аделаида и тоа беше еден вид загревање за престојната сезона.

Секако, потоа следуваше Австралија Опен, каде што се „одмазди“ за претходната сезона и по десетти пат го крена трофејот и овојпат никој не можеше да го спречи да освои нови 2.000 бода. Сепак, цврстата американска политика сè уште не дозволува влез на нејзина територија на странци кои не биле вакцинирани, па можноста да игра во Индијан Велс и Мајами оваа сезона пропадна.

Ѓоковиќ сепак ја искористи можноста да надополни колку што можеше на другите турнири, па освои пет титули во 2022 година и уште две на почетокот на оваа година. Поразот на Карлос Алкараз во финалето на Мајами го врати на врвот на АТП листата и со тоа тој повторно е најдобар тенисер во светот!