ОДБРАНА НА СЕЗОНАТА- Во Италија синоќа беше видена една од најдобрите голмански одбрани досега, напаѓачот на Рома остана во неверување (ВИДЕО)

Голманот на италијанскиот клуб Емполи Гуљелмо Викарио ја направи една од најдобрите одбрани досега видени во фудбалот на натпреварот против Рома кој се одигра во саботата во рамките на 21. коло од Серија А.

Иако Рома победи со 2:0 благодарение на головите кои ги постигна во првите 10 минути од натпреварот, интервенцијата на чуварот на мрежата на Емполи дефинитивно е потег на натпреварот и нешто што сигурно ќе го видиме во ТВ хајлајтсите во наредните години.

Прво голманот на Емполи го одбрани ударот на Дибала, потоа го одбрани и обидот на Манчини по кој беше одбиена топката, но третата одбрана беше спектакуларна и сигурно ќе биде најдобра оваа сезона.

Иако беше на земја и на гол-линијата, голманот на Емполи успеа да ги крене нозете и да го запре обидот на Абрахам од само два метри, а напаѓачот на Волчицата не можеше да поверува што успеа да спаси противничкиот голман.
Неговата одбрана, сепак, не успеа значително да му помогне на Емполи на овој натпревар, а уште еднаш, потсетуваме, Рома победи со 2:0 и со тоа се искачи на второто место на табелата.