Одермат нов светски шампион во велеслалом

 Швајцарецот Марко Одермат го освои златниот медал во велеслалом на Светското првенство во Куршевел и Мерибел.

Двете денешни трки Одермат ги заврши со вкупно време 2:34.08 минути.

Второто место и среброто му припаднаа на Лоик Милард исто така од Швајцарија со 32 стотинки заостанување зад сонародникот.

Бронзениот медал отиде кај Марко Шварц од Австрија со 40 стоти делови од секундата побавно време од Одермат.

За Марко Одермат ова е второ злато на Мундијалот во Франција. Претходно тој победи на спустот.

Натпреварите на Светското првенство продолжуваат утре со женскиот слалом.