ОДЛУКА НА АПЕЛАЦИОТ СУД – Конечна одлука: Дани Алвеш останува во затвор до крајот на судењето, му се заканува 12 години затвор

Апелациониот суд во Барселона ја одби жалбата на Дани Алвеш, а бразилскиот фудбалер дефинитивно ќе остане во истражен притвор без право на кауција до крајот на судскиот процес за силување.

Алвеш се наоѓа во затворот Брајанс 2 во Барселона од 20 јануари кога и се предаде на полицијата под обвинение за силување девојка, а откако минатата недела судот му го одби второто барање условно ослободување, тој поднесе жалба до Апелациониот суд на Барселона. Но, денеска дозна дека нема да може да оди на слобода ниту привремено додека не заврши судската постапка.

Да потсетиме, неговото барање да биде пуштен на условна слобода од четири месеци беше одбиено бидејќи е пребогат и може да побегне во Бразил, кој нема договор за екстрадиција со Шпанија.

Алвеш е обвинет за силување на 23-годишна девојка во еден од тоалетите на ноќен клуб во Барселона на 30 декември 2022 година.

Бразилецот дури пет пати ја менувал изјавата, а според неговата последна верзија на настаните, тој седел во тоалетот, а таа му пришла и се фрлила кон него.

Алвеш сега се соочува со максимална затворска казна од 12 години, а судењето се очекува да заврши во наредните месеци.