Од Братислава во Осло – Бујар Османи заминува на министерски состанок на НАТО

Од Братислава каде учествуваше на „Глобсек 2023“, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, патува за Осло каде ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО.

Во фокусот на разговорите ќе бидат актуелните безбедносни предизвици, понатамошната поддршка за Украина, зајакнувањето на одвраќањето и одбраната на Алијансата, како и унапредувањето на соработката со земјите партнери“, соопшти Министерството за надворешни работи

МНР информира дека министрите ќе се осврнат и на финалните подготовки и клучните одлуки кои се очекува да бидат усвоени на Самитот на НАТО, што ќе се одржи во јули во Вилнус.