ОД ВЕЧЕРВА ЗАПОЧНУВА СНЕЖНОТО НЕВРЕМЕ НА БАЛКАНОТ !

Снежното невреме низ Балканот (Хрватска, западна и северозападна Србија, како и Босна и Херцеговина) ќе започне уште од оваа вечер и ноќ. Локално во овие споменати држави и тоа на пониските места (градовите) ќе наврне од 30 до 50 цм снег. На планинските места локално и од 70 до 100 цм снег.

Долж Јадранот пак е можно НЕВРЕМЕ проследено со ИНТЕНИЗНИ врнежи од дожд, грмежи и силен ветер. (Можни се локални ПОПЛАВУВАЊА).

Кај нас во Македонија во периодот кој што ни следува ќе има повремени врнежи од дожд и истите повремено ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ. Ќе има услови и за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и СИЛЕН јужен ветер.