ОД ГЕРМАНИЈА ДО МАКЕДОНИЈА – Авионот наеднаш го сменил правецот, ПИЛОТОТ ИСПРАТИЛ СИГНАЛ ЗА ИТЕН СЛУЧАЈ ! (ФОТО)

Се уште не е познато што се случило

Авионот Визер, кој летал од Дортмунд во Германија за Охрид во Северна Македонија, наеднаш го променил правецот над Хрватска, објави службата за следење летови Флајтрадар.

Пилотот го испратил на контролата на летот шифрата 7700, што укажува на вонредна ситуација, но се уште не се знае што точно се случило, пренесува Дневник.хр.

Како што може да се види од патеката на летот, авионот го прелетал хрватскиот воздушен простор, ја преминал границата со Босна и Херцеговина, а потоа нагло свртел, се вратил на хрватското небо и преку Кварнер слетал на аеродромот во близина на Венеција, пренесува Дневник.хр.

Од Визер засега нема објаснување, а на Твитер има најави дека авионот слетал успешно.