Од комичар до национален херој: Бисти со ликот на Зеленски се продаваат низ украинските пазари (ФОТО)

Бисти на украинскиот претседател Володимир Зеленски се продаваат на пазарчето во градот Лавов.

Според продавачите, сите собрани средства се продаваат на волонтерите кои потоа им ги доставуваат на украинските војници на фронтот во војната со Русија. Бистите со ликот на Зеленски може да се купат за околу 1000 украински гриви или за околу 25 евра.

На социјалните мрежи има различни коментари за изгледот на бистите. Некои ги споредуваат со бистите на хероите на Втората светска војна и други со изгледот на бистите на римските императори, но сè што е во насока на мобилизирање средства за украинските сили е поздравено.