Од пожар во скопско „форд мондео“, оштетени и фасада и прозорци на куќа

Во СВР Скопје рано изутринава во 02.48 часот било пријавено дека на улицата „Скендер Бег Кастриот“ настанал пожар во патничко возило „форд мондео“, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– Возилото со скопски регистарски ознаки било во сопственост на А.А., на возраст од 54 години, од Скопје. Од пожарот, кој бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, бил оштетен дел од фасада на куќа и прозорците, појаснуваат од МВР.

Увид е извршен од увидна екипа на СВР Скопје