Од среда почнува наплаќање на доплатниот билет ако се пречекори времето за платено зонско паркирање во Тетово

Јавното претријатие „Градски паркинг“ од Тетово од среда 1 март ќе почне да наплаќа пречекорување времето за зонско паркирање.  Станува збор за таканаречен доплатен билет, што граѓаните ќе ги чини 1500 денари, а беше најавено минатата година. 

-За потсетување, доколку корисникот на паркинг место го пречекори предвиденото време за паркирање, а не го продолжи користењето на паркинг услугата ( доколку таква можност е предвидена со системот за наплата на паркинг услугата ), како и во случај на паркирање на возила на места предвидени за паркирање на возила на лица со посебни потреби, од страна на лица кои не спаѓаат во оваa категорија, прави повреда на условите за корстење на паркинг местото, за што е должен да плати доплатен билет. Висината на доплатниот билет се утврдува во Тарифникот на ЈП “Градски Паркинг” – Тетово и ќе изнесува 1500 ден. Ако истиот се плати во рок од 24 часа од денот на издавање, ќе се плати само половина од вредноста, односно 750 ден, информираат од претријатието.

Налогот за плаќање на доплатниот билет го издава контролорот.

-Доколку пак, доплатниот билет не се плати во рок од 8 дена од денот на издавање за корисникот на паркиралиштето, ќе се покрене постапка за наплата на долгот со доплнители трошоци поврзани со присилна наплата и законска затезна камата. Почитувани граѓани,за да не се соочите со непријатни ситуации, апелираме и Ве молиме да се придржувате до правилата и прописите за паркирање. Заедно да делуваме и да работиме за да го подобриме редот во паркирањето во градот. Да ги почитуваме правилата, за поголема безбедност на сите нас, порачуваат од Градски паркинг.

Во рамки на соопштението ја објавуваат и уплатница на чија задна страна исто така, е објаснет начинот за наплата на доплатниот билет.

Во зона А зонско паркирање во Тетово чини 40 денари, додека во Зона Б, 30 денари од еден час и во зона Ц е 20 денари.Од понеделник од петок зонското паркирање зимско време се наплаќа од 7 до 21 часот, а во сабота од 7 до 14 часот. Недела и државни празници зонското паркирање е бесплатно.