ОПАСНИ ОБВИНУВАЊА – Надал брутално удри на Ѓоковиќ: “Да беа сите како Новак, ќе имаше 10 пати повеќе мртви…“

Новак Ѓоковиќ повторно е мета на напади од семејството Надал! Шпанците по никоја цена нема шанси да го остават на мира Србинот, но според многумина ова се должи на она што се случува на терените.

Во интервју за шпанскиот магазин El Espanol, вујкото на Надал се наврати на приказната за вирусот Ковид-19 и се што се случуваше тогаш со најдобриот тенисер на планетата.

Оценката на Тони Надал е дека Србинот би бил одговорен за масовна смрт од вирусот доколку сите се однесуваат на ист начин со вакцинацијата, а тоа се гледа и од насловот на интервјуто:

Да се ​​случеше тоа што го направи Новак Ѓоковиќ со вакцините, можеше да има десет пати повеќе мртви“.

Очигледно, овие напади доаѓаат непосредно пред турнирот Ролан Гарос каде Ѓоковиќ повторно ќе треба да си ги одмери силите со Надал.

Освен тоа, важно е да се напомене дека Новак Ѓоковиќ никогаш никого во светот и во неговите јавни настапи не советувал за вакцинација против вирусот Ковид-19.