Опожарено паркирано „ауди“ во Куманово

Опожарено е паркирано возило „ауди“ во Куманово, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи – Куманово, а случајот го потврди и кумановската полиција. Ова е четврти опожарен автомобил, во февруари годинава, во кумановско.

Пожарот го изгасила екипа на ТППЕ Куманово со едно возило и четири пожарникари нешто по 22 часот.

– Во февруари евидентираме четири интервенции на опожарени автомобили, три во Куманово и еден автомобил во липковското село Оризаре, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

И полицијата го потврди случајот и информираше дека извршила увид.

– Вчера во 21:55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улица „Бранко Богдански Гуцман“ настанал пожар во паркирано патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Т.П.Ж.(22) од Куманово, соопшти полицијата.