Осмомартовска планинарска акција в недела во Неготинско 

– Осмомартовска планинарска акција ќе се реализира во недела во Неготинско, во организација на планинарското спортско друштво „Фри хајкерс“.  

– По повод 8 Март, „Фри хајкерс“ – жени,  организира прошетка низ Дисанијата, позната по производството на квалитетно грозје, од кое се добиваат извонредни вина и ракии. Стартот на планинарската прошетка е во 9 часот од планинарскиот дом „Дедо Ило Јанчев“.  Стазата е наменета за сите, право на учество имат сите коишто сакаат тој ден да се прошетаат низ природата и на еден друг начин да го прослават празникот на жената, со што ќе го направат посебен и убав денот, информираа од планинарското спортско друштво. 

Претходно, во ноември, во рамки на активностите со кои се слави младото вино, во Дисанијата се реализираше планинарскиот марш „По патеката на виното“. Во февруари, се реализираше треил трка за вино и љубов.