ОСУМ МРТВИ- Нови детали за убиствата во Хамбург: Напаѓачот и самиот бил Јеховин сведок, се самоубил

Германската полиција потврди дека осум лица загинале во пукање во Хамбург, вклучително и осомничен бомбаш самоубиец. Напаѓачот од Хамбург кој уби осум лица во центарот на „Јеховините сведоци“ и самиот бил припадник на оваа заедница, објави весникот „Шпигел“.

Напаѓачот бил на возраст од 30 до 40 години и на властите не им бил познат како екстремист.

Во меѓувреме, германската полиција се обидува да го утврди мотивот на напаѓачот, за кој се верува дека дејствувал сам во црквата на Јеховините сведоци во Хамбург.

Групата „Јеховини сведоци“ соопшти дека неколку лица се тешко повредени.

„Лоши вести од Хамбург“, напиша германскиот канцелар Олаф Шолц на Твитер, опишувајќи го нападот како „брутален чин на насилство“.

Тој рече дека неговите мисли се со жртвите, нивните семејства и припадниците на безбедносните сили кои од синоќа вложуваат големи напори за расветлување на злосторството.

Министерката за внатрешни работи Ненси Фезер на „Твитер“ напиша дека е во тек итна истрага за ова злосторство.

Полицијата доцна синоќа соопшти дека верува дека има само еден сторител.

Групата „Јеховини сведоци“ на својата веб-страница објави дека оваа верска заедница била длабоко погодена од страшниот напад врз нивните верници во Хамбург по богослужбата.

Оваа група изрази сочувство до жртвите, семејствата и „трауматизираните сведоци“.