Осум наши државјани биле на локациите каде што се случи земјотресот во Турција, двајца се повредени

 Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска изјави дека осум наши државјани биле на локациите каде што се случил земјотресот во Турција, од кои двајца се повредени.

-Денеска цел ден работевме на ова прашање, нашите претставници од Северна Македонија контактираат со Амбасадата во Анкара и со Генералниот конзулат во Истанбул, така ги добивме информациите по однос на наши граѓани што се наоѓале на локациите каде што се случи земјотресот, стапија и во комуникација со нивните семејства. Според тие информации осум наши државјани биле на тие локации, од кои двајца се повредени, едниот со потешки повреди врз кој е направена хируршка интервенција, рече Османи, на прес-конференција по Конференцијата за антисемитизам.

-Денеска цел ден работевме на ова прашање, нашите претставници од Северна Македонија контактираат со Амбасадата во Анкара и со Генералниот конзулат во Истанбул, така ги добивме информациите п

Тој изрази уверување дека нашите дипломати веќе се пристигнати на локациите и оти ќе имаме поточни информации тогаш.

Најави дека Владата ќе одржи вонредна седница во 17 часот, на која, како што рече, МНР прво ќе информира за расположливите информации што ги имаме од таму, меѓутоа, и ќе предложи заклучоци по однос на директна помош и координација на помош што Владата може да ја даде и веднаш да ја упати до Република Турција.

Османи кажа и дека денеска комуницирал и со турскиот министер за надворешни работи кому му изразил сочувство за трагичниот настан, додавајќи дека како што ги собираме информациите, така јавноста ќе биде информирана.

Според најновите податоци во денешните два земјотреса во рок од 12 часа што ги погоди Турција и Сирија, досега загинаа повеќе од 2.000 луѓе.