Отворена изложба посветена на групата Ладош по повод Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот

По повод Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот – 27 јануари, во организација на Одделот за едукација и истражување на Холокаустот при Институтот за духовно и културно наследство на Албанците од Скопје, денеска беше отворена специјалната изложба посветена на групата Ладош. Оваа група била составена од полски дипломати кои спасувале Евреи за време на Втората светска војна, издајќи им речиси 10 000 странски пасоши.

За време на фашистичката чума, група дипломати предводени од Александар Ладош (1891-1963), полски амбасадор во Швајцарија од 1940 до 1945 година, оперирале во Берн, Швајцарија. Ладош бил водач на т.н.„Бернска Група”, која работеше тајни за да спаси над 10.000 Евреи од холокаустот, обезбедувајќи им фалсификувани латиноамерикански пасоши, главно парагвајски. Групата се состоеше од четворица полски дипломати и двајца претставници на еврејски организации: амбасадорот Александар Ладош, неговиот помошник и шеф на политичкиот огранок Стефан Рињевич, конзулот Константи Рокицки, аташе и специјалист за еврејски прашања д-р Јулиуш Кул, како и ционистички активист и полски Пратеникот Абрахам Силбершајн и Хаим Ајс, еврејски активист.

Генералното собрание на Обединетите нации го одреди 27 јануари годишнината од ослободувањето на Аушвиц Биркенау за Меѓународен за сеќавање на Холокаустот. На овој комеморативен ден, Обединетите нации ги повикува сите земји-членки да одадат почит на шесте милиони еврејски жртви на Холокаустот и на милиони други жртви на нацизмот и да развијат образовни програми за да помогнат во спречувањето на другите геноциди.

Директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците (ИДКНА), Скендер Асани истакна дека мораме повторно да покажеме високо чувство на одговорност, отфрлајќи секаква алтернатива што не е евроатлантска, како и да се заложиме демократијата да биде производ на чесни политички борби.

– Човечките трагедии можат да се повторат и да го имаат истиот лик на ужас, но она што не интересира денес е прашањето: Дали солидарноста и жртвата за другиот можат повторно да создадат гнезда во срцата на хуманите луѓе? Немаме херои само во војна. Има херои и во мир. Но, вторите имаат двојна мисија: да спречат каква било искра што може да Ð �онесе конфликт и да се издигнат над етничкиот и верскиот егоцентризам во корист на разбирањето со другите. Ако за време на Втората светска војна имавме тивки херои кои ги спасуваа животите на Евреите, денес ни требаат некои други херои, кои со надминување на себеси успеваат да одржат соседство и социјална хармонија или како што вели една албанска народна поговорка: „Не можеш да му направиш добро на другиот, без да си наштетиш себеси“. Со оваа народна поговорка, го завршувам мојот говор посветен на 78-годишнината од ослободувањето на логорот Аушвиц од страна на Црвената армија, во кој случај еврејскиот народ беше оставен слободен да ужива достоинствено во животот, додека човештвото остана да се сеќава на Холокаустот како на настан против кој ако не се бориме со сите здружени сили може повторно да се повтори во различни форми и начини, рече Асани.

Тој потенцира дека ако се осврнеме на последните децении од овој век, а особено на тензиите предизвикани како резултат на руската инвазија во Украина, можеме да заклучиме дека човештвото циклично ги доживува ефектите од споровите кои завршиле со вооружени конфликти.

Првиот заменик претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби потенцира дека не смееме во ниту еден момент да заборавиме на одговорноста што ја имаме, да се потсетиме на минатото и да ги учиме и да ги освестиме нашите деца да бидат мирољубиви, да ги почитуваат меѓусебните културни вредности и да не дозволиме предрасудите да ни ги затемнуваат нашите животни погледи.

– „Оние кои не се сеќаваат на минатото, се предодредени да го повторат“, рече еднаш Џорџ Сантајана, еден од најголемите мислители на 20-от век. Овие зборови треба да бидат нашиот животен водич. Да научиме дека соседите се пријатели кои ги делат истите маки и проблеми со нас, дека на светот му требаат сочувство, солидарност и единство на патот на идеалите за да нема страдања и сиромаштија. Тоа што им се случи на Евреите никогаш повеќе не смее да се повтори! Ние, како политички партии, медиуми, граѓанско општество, секој ден мора да имаме единствена мисија: мир и напредок. Мирот и напредокот не можат да се постигнат со војна, со омраза, со деструктивни идеи што го заматуваат човечкиот разум, со тесноградни интереси, рече Груби.

Тој повика да запре секоја војна и агресија и да се изгради безбедна и просперитетна иднина за нашите деца.

Според  професорката од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Иванка Василевска, оваа е сериозна назнака дека на човештвото му требаат децении за да препознае дека Холокаустот мора да се споменува и да се повторува, бидејќи, како што рече, човештвото не е се уште подготвено да ги надмине ниските страсти, глупавите фантазии и целата фашизоидност што беше видена за време на Втората светска војна.

– За време на Втората светска војна таргет беа првенствено Евреите и еврејскиот народ, потоа Ромите, па и оние словенски групи кои беа предвидени со планот на Адолф Хитлер. Тоа значи дека ако на погрешен човек му дадете во раце неограничена моќ, тој може да ви наложи и може да создаде масовна хистерија која што ќе предизвика милионски човечки жртви, кои до ден денеска без разлика што исчезнаа во правот, оставаат трага и болно сеќавање за она што на сите треба да ни биде секогаш пред очи. Втората светска војна одамна заврши, но конфликтите не завршија со неа. Потребно е да се почитуваат меѓународните стандарди, да се даде право на почитување на суверенитетот и на слободата на индивидуите да имаат можност да го изразат својата посебност, својата верска, национална или било каква друга посебност и она што нема да му наштети на другиот треба да го збогати, да го прошири а не да го тргнат од себеси, рече Василевска.

На изложбата присуствуваа и министерот за информатиќко општенство и администрација Адмирим Али, како и претставници од дипломатскиот кор и од верските заедници.