Отворен Дом за стари лица во кавадаречкото село Чемерско

– Отворен е Дом за стари лица во кавадаречкото село Чемерско. Од Домот „Д-р Јанески” информираат дека станува збор за прва лиценцирана приватна установа за социјална заштита за нега и грижа на стари лица во Кавадарци.

– Лоцирана е на 24 километри од Кавадарци во подножјето на планината Кожуф, на надморска височина од 670 метри, во предел на густа шума и разновидна вегетација. Природните убавини, еколошки чистиот амбиент, поволната клима со кристален чист воздух, воздушна бања далеку од градската гужва, се одлични предуслови за здравје и продолжување на животот за сите луѓе, соопштуваат од домот за стари лица.

Оттаму нагласуваат дека имаат тим од медицински кадар, негуватели, социјален работник и технички персонал. Персоналот овозможувал 24 часовна грижа и нега од негуватели, здравствена заштита и медицинска грижа под директен надзор од медицински кадар, медицински сестри, матичен доктор и одредени доктори специјалисти за потребните специјалистички услуги, социјална заштита и грижа од страна на социјален работник, обезбедена исхрана според здравствената состојба на корисниците и обезбедена хигиена во домот и лична хигиена на корисниците.