ОТКРИЕНА ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА КИМ ЏОНГ-УН! Лидерот на Северна Кореја има три деца: Зошто во негова придружба може да се забележи само неговата ќерка !? (фото)

Првото дете на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун е син, а се верува дека има и трето дете, чиј пол не е познат, ова денес го објавија пратениците на јужнокорејскиот парламент за наодите од извештајот на Националната Разузнавачка Служба (НИС).

Синот на Ким до сега не се појавил во јавноста, додека ќерката Ју-ае веќе е видена со нејзиниот татко во неколку наврати, што ги поттикна шпекулациите дека таа се подготвува да биде следниот лидер на земјата, објави медиумската агенција Reuters.

Ким Џонг-ун со својата ќерка Ју-ае

Од друга страна, во НИС сметаат дека најверојатното објаснување за појавувањето на Ју-ае во јавноста е дека Ким Џонг-ун сака да и покаже на јавноста дека негов наследник ќе биде четвртата генерација лидери од тоа семејство.

Еден пратеник посочи дека извештајот не ги потврдува гласините дека синот на Ким има физички и психички проблеми. 

Во истиот извештај на НИС се наведува дека Северна Кореја е во состојба да одржи големи воени вежби и да тестира нова интерконтинентална балистичка ракета во текот на пролетта.

Ким Џонг-ун со својата ќерка Ју-ае

Исто така, се вели дека недостигот на храна во земјата сè уште не е доволно сериозен за да се смета за закана за режимот, и покрај тоа што Северна Кореја се соочува со годишен недостиг на ориз од 800.000 тони.