ОТКРИЕНО КОЈА ХРАНА ИМА НАЈМНОГУ ПЕСТИЦИДИ : Ова овошје е убедливо најлошо

Многу од овошјата и зеленчуците што ги купуваме се третираат со пестициди, па затоа најдобро е да купите од некој што го познавате за да бидете сигурни дека тоа што го јадете е органско. Но, не секој има услови да ги купи овие намирници од познаници, особено во поголемите градови, па се „осудени“ на она што се нуди во продавниците.

Меѓу овошјето и зеленчукот кои содржат најмногу пестициди се јагодите, спанаќот, кељот, јаболката, грозјето, црешите, праските и доматите. Сега, новото истражување на непрофитната организација „Environmental Working Group“ покажа дека една јагода содржи дури 23 различни видови пестициди.

„Изложеноста на пестициди е поврзана со голем број негативни здравствени ефекти, вклучително и нарушување на хормоните, токсичност на мозокот и нервниот систем“, рече Синди Свенсон, аналитичар од Работната група за животна средина.

„Една неодамнешна студија на Харвард покажа дека јадењето храна која содржи многу пестициди може дури и да ги поништи сите добри ефекти што ги имаат овошјето и зеленчукот, како што е заштитата од срцеви заболувања“, додаде таа.