Официјална Софија ќе има претставници на чествувањето на Гоце Делчев: Демерџиев со заменикот ќе положат цвеќе во „Свети Спас“

„Вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи, Иван Демерџиев, и заменик-министерот Венцислав Катинов утре, на 4 февруари, ќе положат цвеќе во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, Република Северна Македонија. Двајцата ќе му оддадат почит на споменот на Гоце Делчев по повод 151-годишнината од неговото раѓање“, се наведува во кусото соопштение објавено на официјалната интернет-страница на министерството за внатрешни работи на Бугарија, пренесува 360 степени.

Претходно денеска премиерот, Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање дали за утрешниот настан свое присуство најавила делегација од Бугарија, рече дека Владата не добила таква најава
Официјална Софија утре сепак ќе има свои претставници на чествувањето на 151-годишната од раѓањето на Гоце Делчев што ќе се одржи во црквата Св. Спас во Скопје.

Бугарската делегација ќе ја сочинуваат вицепремиерот и министер за внатрешни работи на земјата, Иван Демерџиев и заменик-министерот Венцислав Катинов, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи на Бугарија.

„Вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев и заменик-министерот Венцислав Катинов утре, 4 февруари, ќе положат цвеќе во дворот на црквата Свети Спас во Скопје, Република Северна Македонија. Двајцата ќе му оддадат почит на споменот на Гоце Делчев по повод 151-годишнината од неговото раѓање“,

се наведува во кусото соопштение објавено на официјалната интернет страница на министерството за внатрешни работи на Бугарија.
Претходно денеска премиерот, Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање дали за утрешниот настан свое присуство најавила делегација од Бугарија, рече дека Владата не добила таква најава.

„Владата не добила најава дека делегација од Бугарија ќе присуствува утре на одбележувањето 151 година од раѓањето на Гоце Делчев. До овој момент, од кабинетот на премиерот на Бугарија јас немам најава за официјална бугарска делегација којашто би положила цвеќе“,

изјави Ковачевски.
На прашање на „360 степени“ дали има промени во врска со присуството на делегација од Бугарија на одбележувањето на 4 февруари – Денот на раѓањето на Гоце Делчев, од Владата вечерва повторно не упатија на изјавата на Ковачевски.

Во својата денешна изјава премиерот уште еднаш нагласи дека Министерството за внатрешни работи е должно да обезбеди мирно и достоинствено чествување на годишнината од раѓањето на Делчев, согласно заклучоците што претходно беа донесени на Советот за безбедност и од Владата.

Повеќе на следниот линк