ОФИЦИЈАЛНИ ПОДАТОЦИ- Кети Пери повеќе не е најследената жена на Твитер, првото место го зазеде друга пејачка

Пејачката Кети Пери повеќе не е најследената жена на Твитер, а титулата за најследена жена ја презеде нејзината колешка Ријана.

Според страницата за следење на социјалните мрежи Social Blade, Ријана е на четвртото место кога се во прашање најследените профили на социјалната мрежа Твитер со 108.276.704 следбеници наспроти Кети Пери која има 108.267.246 следбеници и моментално е на петтото место.

На прво место е директорот на Твитер, Илон Маск со 134,3 милиони следбеници, а по него се поранешниот американски претседател Барак Обама и пејачот Џастин Бибер.

Кога станува збор за другите најследени профили, фудбалерот Кристијано Роналдо го зазеде шестото место, пејачката Тејлор Свифт го зазеде седмото, а индискиот премиер Нарендра Моди го зазеде осмото место. Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и пејачката Аријана Гранде ги зазедоа деветтото и десеттото место.

Потсетуваме дека Ријана неодамна одржа незаборавен настап на Супер Боул каде откри дека е повторно бремена. Токму затоа таа вечер привремено згасна Твитер, бидејќи сите пишуваа за нејзиниот настап и бременост.